Нова Веб страница за Национални црвени листи

Ве известуваме дека МЖСПП ја промовира новата веб страница за Национални црвени листи

http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/

Националните црвените листи беа изработени во рамки на проектот GEF/UNEP проектот: “Постигнување заштитата на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” каде беа идентификувани и систематизирани 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита. Активноста беше спроведена во соработка со Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Изработката на Црените листи преставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата во делот на зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво што воедно претставува и законска обврска а исто така е една од приоритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028 како и Националната стратегија за биодиверзитет 2017-2023.

Изготвените Национални Црвени листи ќе имаат апликативна функција во секојдневната работа во МЖСПП/Управата за животна средина, во рамките на спроведувањето на управните постапки за заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот.