Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека, во рамки на циклусот регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година, ќе се одржи јавна расправа за Југозападниот плански регион.
📅 30 октомври 2026 година
🕚 11:00 часот
📍 Сала за состаноци на Советот на Општина Струга
Целта на јавната расправа е претставување на Нацрт-планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните.
Јавната расправа е можност за запознавање со предложените плански решенија и за доставување мислења, предлози и забелешки при подготовката на овој значаен стратешки документ за просторниот развој на државата.
Ги покануваме сите заинтересирани да земат учество и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.
Линк до Нацрт Просторниот план на Република Северна Македонија 2040