Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавна расправа во Полошкиот плански регион по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека, во рамки на циклусот регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година, ќе се одржи јавна расправа за Полошкиот плански регион.

📅 27 октомври 2026 година    

🕚 11:00 часот

📍 Комплекс на Универзитетот на Југоисточна Европа, објект 601, Тетово

Целта на јавната расправа е претставување на Нацрт-планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните.

Јавната расправа е можност за запознавање со предложените плански решенија и за доставување мислења, предлози и забелешки при подготовката на овој значаен стратешки документ за просторниот развој на државата.

Ги покануваме сите заинтересирани да земат учество и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.

Линк до Нацрт Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

Мени за пристапност