Министерот Изаири на работна средба со градоначалникот на о. Кичево, Дехари

(04.01.2016г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, денеска, во просториите на општина Кичево, остварија работна средба на која беше разгледан степенот на реализација на тековните и беше договорена динамиката за рализација на идните проекти, кои се остваруваат во соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање и о. Кичево.

Во рамки на посетата, Изаири и Дехари го посетија село Гаране каде беше извршен увид во реализацијата на проектот за регулација и уредување на коритото на реката која протекува низ ова село.