Време е за #КлиматскаАкција – Климата се менува, зошто не и ти?

Соопштение климатска акција Под мотото „Климата се менува, зошто не и ти“, Програмата за развој на ОН (УНДП), Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) ќе спроведат широка кампања за поттикнување на #КлиматскаАкција.

Времето на препознавање на промените во климата и осознавање на причините за тие промени веќе е поминато. Дојдено е времето на #КлиматскаАкција.

Повикувајќи се на резултатите од спроведената „Анкета за истражување на јавното мислење“ кои велат дека речиси половина од испитаниците не преземаат климатска акција затоа не знаат што би можеле да направат, ја креиравме оваа широка кампања. Наша главна цел е да понудиме конкретни примери и да ги инспирираме нашите сограѓани со мали промени  на секојдневните навики и избори, дома, на работа, во училиштата или во општните каде што живеат и работат да придонесат кон намалување на негативните ефекти од климатските промени и за постигнување на националните и глобалните климатски цели .

Се надеваме дека националната платформа  klimatskipromeni.mk на која можете да ги споделите своите акции, но во исто време и да прoчитате што другите преземат ќе отвори процес на широка комуникација бидејќи прашањето на климатските промени за чие решение покрај силна политичка воља потребна е и здружена акција на сите нивоа, со вклучување на сите засегнати страни: владините институции, невладиниот сектор, бизнисот, медиумите, науката и граѓаните.

Ви повикуваме да се вклучите во промените бидејќи  Климата се менува, зошто не и ти?