Потпишан договор за изработка на физибилити и еколошка студија за Вардарскиот и Југоисточниот регион

17.07.2025
Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денес беше потпишан консултантски договор со кој започнува изработката на Физибилити студија и Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион

Меџити: Обезбедивме 2,5 милијарди денари за чиста вода, здрава животна средина и безбедна инфраструктура во општините!

17.07.2025
Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита

Неформален министерски состанок на Енергетската заедница во Атина

17.07.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање,Ане Лашкоска, учествува во македонската делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Г. Сања Божиновска, на неформалниот министерски состанок на Енергетската заедница во Атина

Министерот Меџити со нова набавка за Русино – инвестиција од над 1,1 милион евра

16.07.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за набавка на специјална механизација за потребите на регионалната депонија Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Потпишан договор за грант со ЕБОР за старт на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад

15.07.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во вредност од 2 милиона евра, со кој започнува подготовката на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад во Северна Македонија.

ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ, Потпишување на грант-договор со ЕБРД

15.07.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

Министерот Меџити на средба со шефот на СЗО Али

14.07.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денеска одржа работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Северна Македонија, д-р Аким Али, и координаторката на процесот, Симона Атанасова, на која беше претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година.

Одржан првиот состнок на Управувачкиот Комитет за проектот за изработка на Првиот и Вториот двогодишен извештај за транспарентност и Петтиот национален извештај за климатски промени

09.07.2025
Денес, во просториите на УНДП, која е имплементирачка агенција на ООН за реализација на проектот, се одржа првиот состанок на Управувачкиот Комитет со цел взаемно информирање за текот на спроведувањето на проектните активности и планирани идни активности.

Интерконекторот со Грција е темел за одржлива енергетска иднина

09.07.2025
Изет Меџити денеска присуствуваше и се обрати на церемонијата за започнување на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, стратешки проект за енергетската сигурност и регионалната интеграција на Република Северна Македонија