Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лашкоска и Андовски во Будимпешта остварија билатерална средба со г-ѓа Татиана Молчан, Извршен Секретар на Економската комисија на Обединетите Нации за Европа

Лашкоска и Андовски во Будимпешта остварија билатерална средба со г-ѓа Татиана Молчан, Извршен Секретар на Економската комисија на Обединетите Нации за Европа

Во рамки на Седмото  Собрание на страните на Протоколот за вода и здравје што се одржува во Будимпешта, заменик министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Ане Лашкоска и заменик министерот за здравство  г-н Јовица Андовски остварија билатерална средба со г-ѓа Татиана Молчан, Извршен Секретар на Економската комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE).

Тема на состанокот беше зајакнување на спроведувањето на мултилатералните обврски за животна средина и здравје во нашата држава, и тоа Протокол за вода и здравје, Конвенцијата за вода, Конвенцијата за прекугранично загадување на воздухот на долги растојанија и Паневропската програма за транспорт, здравје и животна средина – (PEP)

На состанокот заменик министерката Ане Лашкоска истакна дека нашата држава е активна страна во повеќе правно-обврзувачки програмски рамки под покровителство на UNECE и WHO, кои директно ја поддржуваат државата во процесот на пристапување кон Европската Унија и постигнувањето на целите за одржлив развој (SDGs), со што даваат значаен придонес кон унапредување на  заштитата на животната средина, климатската отпорност и зелената транзиција на економијата.

Исто така беше нагласена потребата од  институционализирање на меѓусекторската координација меѓу надлежните министерствата  како меѓуминистерски координативен механизам, со цел поттикнување на интегриран пристап кон здравје, животна средина и транспорт, како и забрзување на усогласувањето со европските стандарди и мобилизирање на техничката и финансиската поддршка, за спроведување на приоритетните активности.

Мени за пристапност