Категорија: Соопштенија

Покана за одржување на Јавна расправа

Врз основа на Законот за заштита на природата (“Службен весник на РМ” бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16) при постапка за донесувањето на плановите за управување со заштитеното подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да организираат јавна расправа. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Вевчани објавуваат: Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029 Јавната расправа по Нацрт План за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ ќе се одржи на ден 13.05.2019 година (понеделник) во просториите на големата сала во Општина Вевчани со почеток во 11 часот. Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ е достапен на јавен увид и на интернет страницата на Општина Вевчани (www.vevcani.gov.mk) како и во канцеларијата на градоначалникот на Општина Вевчани во период од 19.04.2019 до 20.05.2019 година. Контакт лице: Општина Вевчани Менка Кукоска – технички секретар Тел.: 046/784-640 Е-пошта:  contact@vevcani.gov.mk Интернет страница: www.vevcani.gov.mk Преземања:  Нацрт План за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

Јавна расправа по Студија за ОВЖС за Проектот: Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитет Баш Колиби во општина Велес

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Кепс Монт Гроуп ДОО од Скопје достави Студија за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитет Баш Колиби во општина Велес и истата е достапна за увид. Јавната расправа по Студијата… Прочитај повеќе »

Соопштение за јавноста

Почитувани, Ве известуваме дека на 01.04.2019г (понеделник), државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска ќе го отвори 24-тиот состанокот на советодавниот комитет на Договорот за заштита на популациите на европски лилјаци (EUROBATS), во Скопје. Почетокот на состанокот кој ќе се одржи во х. Холидеј Ин во Скопје, е закажан за… Прочитај повеќе »