Врз основа на член 67 став 1 точка 2) од Законот за водите ( 87/2008; 6/2009; 161/2009; 83/2010; 51/2011; 44/2012; 23/2013; 163/2013; 180/2014; 146/2015; 52/201; 151/2021; 99/2022; и 3/2025); и член 16 став 1 од Правилникот за содржината и начинот на подготвување на Плановите за управување со речните сливови ( Службен Весник на Република Македонија бр. 148/2009), Министерството го објавува:
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар, заради консултирање на јавноста
Основни информации
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар (SWMI) е изготвен во согласност со одредбите од Законот за водите и Правилникот за содржината и начинот на подготвување на плановите за управување а согласно одредбите од Рамковна Директива за Води (2000/60/EC).
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар е предвиден во Временска рамка и Програма за работа (2025-2027) за изработка на План за управување со речен слив (ПУРС) на реката Вардар за планскиот период 2028-2033 и е дел од отпочнатиот процес на подготвување на Нацрт-Планот за управување со сливот на река Вардар. Извештајот претставува почетен чекор со цел да се овозможи најрано вклучување на засегнатите страни и пошироката јавност во идентификација на значајните прашања поврзани со управување со водите во сливот на р. Вардар.
Меѓувремениот преглед се подготвува и објавува за јавна консултација помеѓу фазата на анализа на подрачјето на речен слив во согласност Правилникот за методологијата за проценката на речните сливови и фазата на изготвување на нацрт - ПУРС за реката Вардар. Истиот треба да претставува иницијален преглед на значајните прашања за управување на водите за сливот на реката Вардар, а особено:
- главните притисоци и влијанија кои треба да се содржани во Планот,
- преглед на можни промени на подрачјето на речен слив наменети за постигнување на целите за животна средина утврдени со Законот;
- економските сектори (рибарство, туризам, енергетика, земјоделство и слично) кои можат да бидат засегнати со Програмата на мерки; и
- општа индикација и можни предвидувања/сценарија за постигнување на промените за конкретното подрачје на речен слив со аргументи за и против можните предвидувања.
Цел на јавната консултација
Меѓувремениот преглед ги идентификува значајните прашања во сливот на реката Вардар, со цел да се постави основата за дефинирање на приоритетите во Планот за управување со речен слив (ПУРС) за Вардар 2028-2033.
Целта на оваа јавна консултација е:
- да се информира јавноста за идентификуваните значајни прашања во сливот на реката Вардар врз основа на кои основата се утврдуваат приоритетите на Планот за управување со речен слив (ПУРС) за Вардар 2028-2033 и
- да се соберат мислења, коментари, предлози за значајните прашања за управување на водите за сливот и да се поттикне активно учество во процесот на јавноста во идентификација и решавање на приоритетите за овие прашања во Планот за управување со речен слив (ПУРС) за Вардар 2028-2033.
Истотака, целта е да се поттикне дијалог со засегнатите страни уште во раните фази, вклучително и државните институции, општините, јавните комунални претпријатија, граѓанското општество, академската заедница и приватниот сектор.
Во рамки на овој период засегнатите страни може да достават коментари за идентификуваните значајните прашања за управување на водите за сливот да предложат дополнителни прашања од значење и да изнесат ставови во однос на потенцијалните мерки. Мислења, коментари, предлози ќе придонесат кон спроведувањето на натамошни чекори во врска со подготовката на Планот за управување со сливот на река Вардар, со што ќе се обезбеди инклузивен и транспарентен процес на изготвување. Со учество во оваа консултација, ќе се придонесе кон обликување на идното управување со водите.
Ги повикуваме сите засегнати страни да ги споделат своите мислења за значајните прашања за управувањето со водите и нивното влијание врз водните ресурси.
Вашите ставови ќе помогнат да се оцени потребата од унапредување и прилагодување на постојните пристапи кон управувањето со водите во наредниот плански период, како одговор на идентификуваните значајни прашања. Собраните информации ќе послужат за насочување на првиот ПУРС за Вардар, утврдување на еколошките цели за секое водно тело и дефинирање на соодветни програми на мерки за нивно постигнување.
Времетраење
Периодот на времетраење на јавната консултација е шест месеци од денот на објавувањето на Меѓувремениот преглед заклучно со 20 Септември 2026.
Вклучување на засегнатите страни и механизми за учество на јавноста
Во рамките на шестмесечниот период на консултации ќе се овозможи засегнатите страни да достават забелешки, коментари и мислења за идентификуваните прашања, и да предложат дополнителни теми од значење и да изнесат ставови во однос на потенцијалните мерки.
Вашите мислења, ставови, предлози и коментари може да ги доставите до министерството преку следните:
1. Пополнување на Прашалник за значајни прашања поврзани со управувањето со водите во сливот на Вардар македонска верзија или албанска верзија
2. Учество на консултативните состаноци што ќе бидат организирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање – детален распоред ќе биде објавен најдоцна еден месец по објавувањето на овој документ;
3. Официјална комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање на следната е-адреса: infoeko@moepp.gov.mk
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар (достапен на веб страната официјалната веб-страница на МЖСПП: https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/sektor-za-vodi