Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект „ Подобрување на водената инфраструктурата на општините во Северна Македонија″

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Врз основа на член 6 точка 6.5 (г) од Финансискиот договорот за спроведување на Проектот (Подобрување на водената инфраструктура на општините во Северна Македонија), Операциски број 2018-0837 склучен помеѓу Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка, а врз основа на член 4 од Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Инвестициона Банка по финансискиот договор за проектот за подобрување на водената инфраструктира на Општините во Северна Македонија, („Службен Весник на РСМ“ бр. 203/2022) Министерството за животна средина и просторно планирање спроведува:

Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги за Проект  „Подобрување на водената инфраструктурата на општините во Северна Македонија″
 
Министерството за животна средина и просторно планирање отпочнува  постапка за ангажирање на индивидуални консултант позицијата:

 Специјалист  за исплати и спроведување на јавни набавки  -     член на ПЕИ    1 (еден) извршител

Министерството за животна средина и просторно планирање ги  поканува сите кандидати кои ги исполнуваат условите да изразат интерес за обезбедување на консултантски услуги. 
Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.
Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, Ве молиме да доставите ваша Професионална биографија - CV и Писмо за интерес и документи за потврда на потребните стручни квалификации, со јасна назнака за која позиција аплицирате на адресата на Министерството за животна средина и просторно планирање; Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје.

Рокот за доставување на потребната документација е три работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување. 
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот избор .
Времетраењето на ангажманот на членовите на Проектната единица ќе биде до завршување на проектот.
Деталниот опис на работни задачи и условите за работа за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни  подолу во Јавниот повик.

Потребни стручни квалификации и услови за номинирање и именување на членот на Проектната единица

Специјалист за исплати и спроведување на јавни набавки – член на ПЕИ (1 извршител)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
•    да е државјанин на Република Северна Македонија
•    активно да го користи македонскиот јазик
•    да е полнолентен
•    да има општа здравствена способност за работното место
•    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите покрај општите услови предвидени во Закон, потребно е да ги исполнат и:

За работното место од точката 1 потребни квалификации:
•    Да има завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен од областа на општествени науки 
•    Да има најмалку 3 години работно искуство во областа на подготовка на јавни договори и јавни набавки, како и во исплати согласно договорите 
•    Да поседува важечка потврда за лице за јавни набавки 
•    Да има искуство во домашни или меѓународни проекти 
•    Предност ќе имаат кандидатите со докажано искуство во спроведување постапки за јавни набавки во договорни органи/органи на државна управа, како и нивна реализација и исплата 
•    Да поседува доказ за одлично познавање и активно користење на англиски јазик 
•    Да има познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и користење на соодветни софтверски алатки 

Напомена:
Доказот за општа здравствена способност и потврдата дека не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност не треба да бидат постари од 6 (шест) месеци од денот на поднесување на пријавата.

Плата:
•    Нето плата: 55.000,00 денари

Задачи на членовите на Проектната единица 

1)Членовите на ПЕИ му помагаат на Раководителот на ПЕИ во спроведувањето на активностите од својот делокруг на работа и обезбедуваат поддршка на Раководителот во подготвување на месечни, квартални и годишни извештаи за напредокот при спроведување на проектот и завршниот извештај за реализација на проектот
2)Членовите на ПЕИ се одговорни за обезбедување на навремени информации до Координаторот, со цел целосно исполнување на активностите поврзани со подготовка и спроведување на Проектот
3)Членовите на ПЕИ ќе соработуваат со финансиските институции, со консултантите, ќе работат на спроведување на тендерските постапки, склучување и реализација на договор со изведувачот
4)Членовите на ПЕИ по потреба учествуваат на редовни состаноци за следење на проектот и подготвуваат кратки белешки по истите, како и по потреба организираат посета на локацијата на проектот
5)Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на ПЕИ за навремено и квалитетно вршење на својата
работа во рамките на своите овластувања и надлежности
6)Членовите на ПЕИ вршат и други работи доверени од раководителот на ПЕИ, согласно договорите потпишани во врска со спроведувањето на Проектот
7)Членовите на ПЕИ во своето работење ги почитуваат барањата за етика и интегритет на работното место.
8)Членовите на ПЕИ се грижат за целокупната документација поврзана со имплементацијата на проектот во согласност со пропишаните правила
9)Членовите на ПЕИ вршат собирање, средување, евидентирање и архивирање на документи и податоци поврзани со проектот
10)Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на ПЕИ.

 

Министерство за животна средина и просторно планирање

 

 

Мени за пристапност