Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавна расправа по  Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилрп - Битола во општините Прилеп, Битола и Могила

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Јавно претпријатие за државни патишта  со седиште на ул.“Даме Груев“ бр.14 од Скопје ја  достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“ во општина Прилеп, општина Битола и општина Могила.

Студијата за оцена на влијание врз животната средина е достапна за коментари до 25.03.2025 година.

Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на Коридор 10 Д, делница на Автопат: Прилеп – Битола“  ќе се одржи на:

  • 10 март 2026 година (Вторник), во Градската библиотека на општина  Прилеп со почеток во 12.00 часот.
  • 12 март 2026 година (Четврток), во салата на Советот на општина Битола со почеток во 12.00 часот.

Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk, 
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје

Јавно претпријатие за државни патишта со седиште на ул.Даме Груев бр.14 од Скопје
е-маил: contact@roads.org.mk
 тел: 02 3220-535  и  02 3116-385   

Мени за пристапност