Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “ Изградба на Коридор 8, делница 2, подделница 2а на Автопат: Гостивар – Букојчани општина Гостивар.

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Јавно претпријатие за државни патишта  со седиште на ул.„Даме Груев“ бр.14 од Скопје  достави Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот: “Изградба на Коридор 8, делница 2,  подделница   2а на Автопат: Гостивар – Букојчани“ во  општина Гостивар.

Студијата за оцена на влијание врз животната средина е достапна за коментари до 23.03.2025година.

Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот:  Изградба на Коридор 8, делница 2,  подделница   2а на Автопат: Гостивар – Букојчани  општина Гостивар ќе се одржи на 06 март 2026 година  (Петок), во салата за совет на општина Гостивар  со почеток во 12.00 часот.

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk,

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје

 

Јавно претпријатие за државни патишта со седиште на ул.Даме Груев бр.14 од Скопје

е-маил: contact@roads.org.mk

 тел: 02 3220-535  и    02 3116-385  

 

 

 

Мени за пристапност