На состанокот учествуваа и директорот на Агенцијата за планирање на просторот (АПП), Александар Гелевски, како и претставничката од Кабинетот на премиерот, Елизабета Панговска. Се разгледуваше напредокот во изработката на новиот Просторен план на државата, како и текот на активностите поврзани со подготовката на новиот Закон за просторно планирање.
Беше констатирано дека со ребалансот на Буџетот, преку Годишната програма за изработка на Просторен план на нашата држава за 2025 година, се обезбедени доволни средства за завршување на нацрт-планот.
Во однос на предлог-текстот на новиот Закон за просторно планирање беше истакнато дека ставовите на двете институции – АПП и МЖСПП – се целосно усогласени по подолги консултации, и дека со неколку технички интервенции законот ќе биде подготвен за објавување на ЕНЕР.
Создавањето на современ Просторен план е предуслов за урамнотежен развој на државата.
Со организацијата на овој состанок на работната група за изработка на Просторниот план, беше потврдена заложбата на двете институции за навремено завршување на сите активности за унапредување на стратешкото просторно планирање во државата.