На 10 октомври 2025 година (петок), во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје, се одржа состанок на засегнатите страни во рамките на проектот SUSTAQUA – „Подобрување на политиките за намалување на потрошувачката на енергија и зголемување на пристапноста, ефикасноста и одржливоста на водните ресурси“.
Состанокот го отвори г. Илбер Мирта, претседател на состанокот, кој ги поздрави присутните и го претстави дневниот ред. Потоа беше презентиран проектот SUSTAQUA, неговите цели, планираните активности и очекуваните резултати.
Во рамките на дискусијата, учесниците – претставници од релевантни институции, организации и експерти од областа на водите и енергетската ефикасност – разменија мислења и предлози за унапредување на политиките и практиките во управувањето со водните ресурси, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на пристапноста до безбедна вода.