Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на првиот состанок на БИОФИН - нови механизми за финансирање на биодиверзитетот

Хоџа на првиот состанок на БИОФИН - нови механизми за финансирање на биодиверзитетот

Скопје, 12.03.2026  Проектниот одбор на проектот „Финансирање на биодиверзитетот (БИОФИН)“ во Република Северна Македонија денеска го одржа првиот состанок, на кој имаше говор министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, а присуствуваа и резидентниот претставник на УНДП Армен Григоријан и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Во својот говор министерот Хоџа истакна дека Министерството континуирано работи на заштита и зачувување на биолошката разновидност, унапредување на системот на заштитени подрачја и усогласување на националното законодавство со европските директиви. Тој посочи дека во изминатиот период е постигнат значителен напредок во валоризацијата на природните вредности и во процесите за прогласување нови заштитени подрачја.

Според министерот Хоџа,  во услови на растечки притисоци врз природата, потребен е системски и финансиски одржлив пристап за заштита на биодиверзитетот.

„Проектот БИОФИН ни дава можност природата да ја поставиме како централна вредност во креирањето политики и буџети, преку соработка на институциите и партнерите и воспоставување долгорочен и ефикасен систем за нејзина заштита“, истакна Хоџа.

Мени за пристапност