Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на промоција на новата постројка на ТЕССА Енерџи: Инвестициите во енергетска ефикасност и чисти технологии се клучни за почист воздух

Хоџа на промоција на новата постројка на ТЕССА Енерџи: Инвестициите во енергетска ефикасност и чисти технологии се клучни за почист воздух

Скопје, 12.09.2026 „Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје.

На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%.

Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии.

Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија.

„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот.

Мени за пристапност