Скопје, 27.03.2026 На денешниот настан организиран од Швајцарската амбасада по повод Светскиот ден на водите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, официјално ја отвори јавната дискусија за Извештајот за значајни прашања во управувањето со водите за сливот на реката Вардар.
Станува збор за клучна фаза во изработката на Планот за управување со речниот слив, а процесот е отворен за сите засегнати страни.
,,Ова што го започнуваме денес е порака дека управувањето со водите во нашата држава се гради со транспарентност, инклузија и одговорност. Бидејќи одржливите решенија се создадаваат со учество на оние кои најмногу зависат од нив”- истакна Хоџа.
Во своето обраќање Хоџа го нагласи значењето на поддршката од Швајцарија, која е силен партнер преку Програмата за управување, користење и заштита на подземните води.
Преку оваа програма се зајакнуваат институционалните капацитети, се промовира одржливо управување и усогласување со европските стандарди.