Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Хоџа-Мејдани: Заложба за регионална координација на Зелената агенда во рамки на европските интеграции

Средба Хоџа-Мејдани: Заложба за регионална координација на Зелената агенда во рамки на европските интеграции

Скопје, 29.01.2026 година   Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија,  Денион Мејдани.

Министерот Хоџа ги оцени како одлични односите меѓу двете земји и ја истакна важноста од тесна регионална соработка за спроведување на зелените политики и постигнување на европските стандарди.

Посебен фокус на разговорите беше ставен на размената на искуства и добри практики во процесот на усогласување со политиките на Европската Унија во областа на животната средина, како и на можностите за заеднички иницијативи кои придонесуваат кон одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во двете земји.

Амбасадорот Мејдани ја изрази подготвеноста на Република Албанија за продолжување и продлабочување на соработката со институциите на Република Северна Македонија, при што ја нагласи важноста од регионална координација во рамки на Зелената агенда за Западен Балкан и процесот на европска интеграција.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за континуиран дијалог, искрено партнерство и конкретна соработка во проекти и иницијативи кои придонесуваат за заштита на животната средина и зајакнување на регионалната стабилност и развој.

Мени за пристапност