Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Партнерство за енергетска транзиција: МЖСПП и ЗИП Институт потпишаа Меморандум

Партнерство за енергетска транзиција: МЖСПП и ЗИП Институт потпишаа Меморандум

Скопје, 28.01.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и директорот на ЗИП Институтот Агим Селами, потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на енергетската транзиција и зајакнување на регионалната соработка во областа на енергетиката и животната средина, како и покровителство на Форумот за енергетика "МЕФ 2026"

Целта на соработката е промовирање на праведна енергетска транзиција, поттикнување на користењето обновливи извори на енергија и зајакнување на улогата на Република Северна Македонија како регионален фактор во овие процеси.

Форумот е планирано да се одржи во Скопје, на 16 и 17 јуни 2026 година. Посебен фокус ќе биде ставен на вклучување на високи претставници на институции, експерти и засегнати страни од земјите на Западен Балкан и Европската Унија.

Со потпишувањето на Меморандумот, двете страни ја потврдуваат заложбата за партнерски пристап, координација и размена на знаења, со цел успешна реализација на Форумот и унапредување на енергетските и еколошките политики во регионот.

Мени за пристапност