Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Продолжуваме со активности за заштита на кафеавата мечка

Продолжуваме со активности за заштита на кафеавата мечка

  Во Министерството за животна средина и просторно планирање денес се одржа состанок посветен на напредокот на „LIFE DinPin Bear“, регионален проект поддржан од Европската Унија, насочен кон зачувување на популацијата на кафеавата мечка во регионот.

Во Северна Македонија, МЖСПП активно го спроведува проектот во соработка со Македонското еколошко друштво, со цел унапредување на заштитата и следењето на популацијата на кафеавата мечка.

На состанокот беа разгледани активностите за претстојниот генетски мониторинг, кој ќе обезбеди значајни податоци за состојбата, генетската разновидност и долгорочното зачувување на оваа значајна и заштитена дивa животинска врста. Со ваквите активности, МЖСПП продолжува да вложува во современи и научно засновани пристапи за заштита на природата и биолошката разновидност.

Мени за пристапност