Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пет години Национален парк Шар Планина

Пет години Национален парк Шар Планина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и заменик-министерката Ане Лашкоска  присуствуваа на одбележувањето на петгодишниот јубилеј од прогласувањето на дел од Шар Планина за Национален парк.

Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа годишнина претставува потврда на заедничката определба за зачувување на природното наследство како стратешки приоритет. Прогласувањето на Националниот парк беше резултат на заедничките заложби на институциите, стручната јавност, граѓанските организации и сите љубители на природата.

Тој упати честитки до Јавната установа Национален парк Шар Планина за воспоставувањето професионален систем на управување и за постигнатите резултати во заштитата на биодиверзитетот, теренскиот надзор, развојот на ренџерската служба и унапредувањето на одржливиот туризам.

Хоџа порача дека МЖСПП ќе продолжи да го зајакнува партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси.

Одбележувањето на овој јубилеј е признание за досегашните достигнувања, но и поттик за уште посилна соработка во зачувувањето на природните вредности на Шар Планина.

Мени за пристапност