Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Национален информативен ден за програмата LIFE

Национален информативен ден за програмата LIFE

Ве покануваме да учествувате на Националниот информативен ден за програмата LIFE што ќе се одржи на 13 мај 2026 (среда), со почеток во 9:30 часот, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

На настанот ќе се презентираат новите повици за проекти (LINK), како и клучни информации за начинот на финансирање, критериумите и постапките за аплицирање. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите  за државните институции, локалните власти, бизнисите, универзитетите и граѓанските организации, преку подготовка на квалитетни предлог проекти, активно да се вклучат во програмата LIFE.

Националниот информативен ден за програмата LIFE се организира во рамки на проектот „Кохерентни активности за градење на национални капацитети за LIFE Програмата во Северна Македонија“, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со цел поттикнување понатамошна соработка меѓу релевантните засегнати страни.

Регистрацијата за учество е достапна на следниот линк:

https://www.eulife.mk/events/national-eu-life-info-day/

Ве молиме да ја направите Вашата регистрација најдоцна до 11 мај 2026 година.

Поради ограничениот број на места, предност за учество на настанот ќе се доделува согласно редоследот на пријавување.

Мени за пристапност