Скопје, 07.05.2026 - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари.
Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и атмосферска канализација, проширување на водоводната мрежа и изградба на канализациска мрежа на Улица 11. Во рамки на посетата беа разгледани и Центарот за селекција, финансиран од Европската Унија, како и проектот за прекугранична соработка со Косово преку програмата ИПА III.
При увидот во активностите за уредување на речното корито во Грушино, инвестиција вредна 15 милиони денари, министерот Хоџа истакна дека овие проекти претставуваат значаен придонес кон подобрување на локалната инфраструктура, заштитата на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со поддршка на инфраструктурни проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и одржлив развој на општините.