Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МЖСПП започнува процес за унапредување на Стратегијата за биолошка разновидност

МЖСПП започнува процес за унапредување на Стратегијата за биолошка разновидност

Скопје, 8 октомври 2026   Денеска во Скопје се одржа иницијалниот состанок со кој официјално започнува процесот за ажурирање на Националната стратегија и акциски план за биолошка разновидност и подготовка на Седмиот национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност.

Процесот ќе ги поврзе националните приоритети за заштита на природата со целите на Глобалната рамка за биолошка разновидност „Кунминг - Монтреал“, со што ќе се постават насоки за понатамошно унапредување на заштитата и зачувувањето на биолошката разновидност во земјата.

„Во време кога на глобално ниво се соочуваме со сè поголеми закани и притисоци врз биолошката разновидност, нашата земја, согласно обврските од Конвенцијата за биолошка разновидност, има обврска да преземе конкретни мерки и системски, стратешки и финансиски одржливо да одговори на овие предизвици“, истакна Игор Никоски, директор на Управата за животна средина при МЖСПП.

Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и се реализира преку Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP). МЖСПП ги спроведува активностите во соработка со CeProSARD, национални партнери и експерти.

Активното учество на институциите, експертите, приватниот и невладиниот сектор, како и на сите други засегнати страни, е од особено значење за подготовка на стратегија што ќе ги одразува националните потреби и приоритети и ќе ги насочи идните активности за зачувување и унапредување на биолошката разновидност.

Мени за пристапност