Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Хоџа, во одговор на пратеничко прашање, информираше за решавањето на проблемот со депонијата Русино

Министерот Хоџа, во одговор на пратеничко прашање, информираше за решавањето на проблемот со депонијата Русино

Во одговор на пратеничко прашање за решавањето на проблемот со депонијата Русино, денеска во Собранието министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа информираше дека се преземени конкретни чекори за воспоставување на првите три регионални центри за отпад во земјава, а еден од нив е токму во тој регион.

Во моментов се подготвува документацијата за објава на оглас за избор на компанија која ќе го гради Регионалниот центар Русино. Истовремено,  проектот предвидува набавка на механизацијата за сите јавни комунални претпријатија во девет општини во Полог, кои ќе бидат опфатени со овој центар, изјави Хоџа.

Со современи центри, инфраструктура и опрема, ставаме крај на децениската мака на над 250 илјади жители на Полог, рече министерот Хоџа.

https://www.facebook.com/MOEPPMKD

Мени за пристапност