Скопје, 23.01.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кaвахара Сетсуко, на која беше разговaрано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина.
На средбата, министерот Хоџа изрази благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Јапонија ѝ ја дава на државата, особено преку соработката со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Тој истакна дека оваа соработка претставува пример за партнерство засновано на знаење, иновации и примена на најдобрите меѓународни практики.
Како значајни проекти од заеднички интерес беа потенцирани Студијата за одржливост за модернизација на колекторскиот систем за Охридското Езеро, како и активностите за унапредување на капацитетите на пречистителната станица во Враништа.
Посебно беше нагласена поддршката на Јапонија на локално ниво преку Програмата за мали проекти и човекова безбедност (GGP), која има директен придонес кон подобрување на условите за живот и социо-економскиот развој на локалните заедници.
Двете страни ја потврдија заложбата за понатамошно продлабочување на соработката, како на национално, така и на локално ниво, со заедничка цел – здрава и одржлива животна средина и подобар квалитет на живот за граѓаните.