МЖСПП е дел од новиот европски проект, LIFE DinPin Bear кој започна во јануари 2026 година во девет земји лоцирани по должината на Динарско-Пиндскиот регион, со цел да се спроведе сеопфатна стратегија за зачувување на кафеавата мечка на ниво на популацијата во овој регион.
Проектот се спроведува во девет земји, од кои три се членки на Европската Унија: Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина (Федерација на Босна и Херцеговина / Република Српска), Грција, Косово*, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија. LIFE DinPin Bear обединува мултидисциплинарно партнерство од 20 организации, вклучувајќи универзитети и истражувачки институции, национални и локални власти и еколошки невладини организации како што е Македононско еколошко друштво.
Популацијата на кафеавата мечка (Ursus arctos) од Динарско-Пиндскиот регион е со приближно 4.000 единки, ова е популацијата на мечки во Европа со најголем број земји во нејзиниот опсег, што го прави нејзиното управување многу предизвикувачко.
Проектот LIFE DinPin Bear се фокусира на создавање правни, управувачки и социо-економски услови потребни за обезбедување заштита на популацијата на кафеава мечка во Динарско-Пиндскиот регион.
Главните активности на проектот се:
1. Истражување и намалување на фрагментацијата на живеалиштата и намалувањето/загубата на популациите на мечки
2. Ефикасно управување со конфликтите меѓу луѓето и мечките и обезбедување алатки за поддршка на коегзистенцијата со локалните заедници
3. Зајакнување на правната и процедуралната рамка за мониторинг и управување со популациите на мечки
4. Зајакнување и хармонизирање на транснационалната соработка во управувањето
5. Обезбедување поддршка од клучните засегнати страни за да се обезбеди долгорочно зачувување на видот
https://redlist.moepp.gov.mk/kafeava-mecka/
#LIFEDinPinBear #BrownBear #Biodiversity #NatureConservation #EUProjects #Coexistence #DinaricPindos 🐻🌲