ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ

Почитувани,

Ве информираме дека утре на 07.03.2019 година (четврток)  ќе се одржи еднодневна работилница на тема „Подготовка на национален интегриран план за енергија и клима (NECP)“ за периодот 2020 – 2030та година. Воведни обраќања на работилницата ќе имаат Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Зоран Павловски, државен секретар во Министерство за економија и Дубравка Бошњак, раководител на проект, Отворен Фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).   Планот ќе и овозможи на државата на интегриран начин да ги планира своите политики, цели и мерки поврзани со клима и енергија во согласност со препораката 2018/1/МC-EnC од Советот на Енергетската заедница.

Настанот ќе се одржи во Конференциска сала „Милениум 2“ на хотелот Холидеј Ин со почеток во 9:00 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.