Пуштен во употреба водоводниот систем во Липково

lipkovo1(30.12.2015г.)Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири,денеска заедно со градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку,министерот за економија Беким Незири и министерот за локална самоуправа Лирим Шабани свечено ги пуштија во употреба крак 1 и крак 3 од водоводниот систем во Липково.

Вкупната должина на крак 1 и крак 3 од водоводниот систем изнесува 14,54 километри. Со нив со вода се снабдуваат населените места Липково, Оризаре, Слупчане, Ваксинце и Лојане, со вкупно население од 13.687 жители, односно 2.736 домаќинства.

За овој проект Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди средства во висина од 58.381.065 денари.

Проектот е завршен за 13 месеци, иако со потпишаниот договор се предвидени 16 месеци за реализација на градежните зафати.