Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за медиуми

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Ве информираме дека утре, петок, 27 јуни 2025 година, со почеток во 14:00 часот, во Струга ќе се одржи настан по повод започнувањето на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки.

На настанот ќе присуствува и ќе се обрати првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити.

Овој капитален проект, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидува инвестиција од околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра) во првата фаза. Целта е подобрување на хигиенските услови и заштитата на јавното здравје, преку целосна елиминација на ризикот од азбестните цевки во градскиот водоводен систем.

Проектот опфаќа реконструкција на главната улица и 13 краци, во вкупна должина од 6,2 километри, со предвидено времетраење од 12 месеци.
Ве покануваме да присуствувате и да го проследите настанот.

Добредојдени се новинари, сниматели и фоторепортери.

  Локација

Мени за пристапност