Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за јавна консултација за ажурираниот национален имплементационен план (НИП) за Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи во Република Северна Македонија (2026 - 2031)

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Основни информации
Република Северна Македонија е страна на Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи (POPs) од 2004 година и во согласност со членот 7 од Конвенцијата е обврзана да го развива, имплементира и периодично да го ажурира својот национален имплементационен план (НИП) за редукција и елиминација на POPs.

НИП 2025 се развива во рамките на Глобалниот проект за развој, преглед и ажурирање на националните имплементациони планови (НИП) во рамките на Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи, поддржан од УНЕП и Глобалниот еколошки фонд (GEF Проект бр. 10785) во Република Северна Македонија.

Проектот се спроведува во тесна соработка со шест регионални центри на Стокхолмската конвенција, вклучувајќи го и RECETOX, Регионалниот центар чиј домаќин е факултетот за природни науки на Универзитетот Масарик во Брно, Чешка Република. Националните експерти активно учествуваа во Проектот и дадоа значаен придонес во текот на целиот процес.

По поднесувањето на првичниот НИП за редукција и елиминација на POPs во 2005 година и неговото прво ажурирање во 2018 година, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) иницираше подготовка на ажурираниот НИП 2025 подготвен во периодот 2023 – 2025 година. 
 
НИП-от за редукција и елиминација на POPs служи како главна национална рамка за исполнување на обврските од Стокхолмската конвенција и за координирање на активностите за намалување или елиминирање на негативните ефекти на POPs врз здравјето на луѓето и животната средина во Северна Македонија. Подготвениот ажуриран НИП ги адресира новите обврски кои произлегуваат од измените на Конвенцијата и ги одразува националните случувања во законодавството, институционалните аранжмани, капацитетот за мониторинг и управувањето со отпад, истовремено поддржувајќи го усогласувањето со еколошкото законодавство на Европската Унија.

Клучна компонента на ажурираниот НИП за редукција и елиминација на POPs се националните инвентари на POPs кои го покриваат периодот 2012 – 2022 година. Инвентарите за секоја група на POPs беа развиени со користење на податоци од научната литература, евиденција за увоз и извоз, експертска проценка и информации собрани преку прашалници дистрибуирани до повеќе од 270 засегнати страни, што овозможи идентификација на предмети, производи, отпад и контаминирани локации кои веројатно содржат POPs.

Врз основа на проценетите количини на POPs во земјата — вклучувајќи го увозот и извозот на хемикалии и производи што содржат POPs, постоечките залихи, отпадот што содржи POPs и контаминираните локации — ажурираниот НИП за редукција и елиминација на POPs ја проценува моменталната национална состојба, ја разгледува ефикасноста на претходно усвоените акциски планови, ги идентификува преостанатите празнини и новите предизвици и дефинира приоритетни мерки за краток, среден и долг рок.

Ажурираниот НИП за редукција и елиминација на POPs 2025 беше подготвен преку транспарентен и инклузивен процес кој вклучуваше координирани активности за консултации и валидација со засегнатите страни. Во периодот од 10 -  13 октомври 2025 година, беа одржани повеќе состаноци и интервјуа со претставници на националните институции, приватниот сектор и други клучни засегнати страни за собирање и преглед на информации за производството, употребата и управувањето со POPs. Ангажманот на засегнатите страни беше дополнително зајакнат преку консултативни состаноци, тематски работни групи и работилница за валидација на инвентарот и приоритизација, обезбедувајќи точност на податоците, транспарентност и широко учество на засегнатите страни спроведено помеѓу октомври 2023 година и крајот на 2025 година.

Процесот заврши со подготовка на нацрт-верзијата на ажурираниот НИП за редукција и елиминација на POPs и негово доставување до RECETOX и UNEP за преглед и давање дополнителни коментари.

Како дел од процесот на прегледување на нацрт-ажурираниот национален имплементационен план за POPs, МЖСПП спроведува јавна консултација за да обезбеди транспарентно, инклузивно и значајно учество на засегнатите страни.

По исходот од процесот на јавни консултации и примените коментари од засегнатите страни, финалната верзија на ажурираниот НИП за редукција и елиминација на POPs 2025 ќе биде доставена до Владата на усвојување.


Цел на јавната консултација

Целта на оваа јавна консултација е да се соберат коментари, предлози и стручни мислења за нацрт-ажурираниот национален имплементационен план за POPs во рамките на Стокхолмската конвенција во Република Северна Македонија.
 
Повратните информации од засегнатите страни се од суштинско значење за:

  • Идентификување на потенцијалните празнини, неточности или информации што недостасуваат во нацрт-НИП-от;
  • Подобрување на квалитетот, релевантноста и изводливоста на предложените акциски планови и мерки;
  • Осигурување дека перспективите на јавните институции, локалните власти, индустријата, академијата, организациите на граѓанското општество и општата јавност се соодветно рефлектирани;
  • Зајакнување на националната сопственост над НИП и поддршка на неговата ефикасна имплементација.

Повратните информации добиени преку оваа консултација систематски ќе бидат разгледани и земени предвид од страна на МЖСПП, во соработка со националната единица за POPs. Резиме на резултатите од консултациите, вклучително и како биле адресирани коментарите, ќе биде подготвено и доставено до Владата на Република Северна Македонија како дел од процесот на одобрување на НИП.

Нацрт верзијата на НИП за редукција и елиминација на POPs во рамките на Стокхолмската конвенција за Република Северна Македонија може да се најде на следниот линк:  https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/nacrt-nacionalen-implementacionen-plan-za-pops-azuriran-2025-file-awH3.pdf 
 

Вовед во прашалникот
МЖСПП ги поканува заинтересираните страни и општата јавност да учествуваат во јавната консултација за нацрт-ажурираниот национален имплементационен план (НИП) во рамките на Стокхолмската конвенција за  перзистентни органски загадувачи, кој го опфаќа периодот до 2025 година.

Овој прашалник е развиен како структурирана алатка за олеснување на собирањето коментари и информации за нацрт-НИП за редукција и елиминација на POPs. Со пополнување на прашалникот, испитаниците се поканети да дадат повратни информации за конкретни делови од документот, да предложат дополнителни или ажурирани информации, да ги идентификуваат националните или локалните предизвици поврзани со POPs и да предложат подобрувања или појаснувања.

Јавната консултација ќе се спроведува онлајн преку веб-страницата на МЖСПП почнувајќи од 19.03.2026 и ќе остане отворена во период од четири недели, завршувајќи на 16.04.2026 Линкот за консултација е дистрибуиран до релевантните институции и засегнати страни, вклучително и владини тела, професионални здруженија, академски институции, невладини организации и претставници на приватниот сектор.
 
Сите ваши коментари и придружна документација доставени преку овој прашалник се многу вредни за финализирање на ажурираниот НИП редукција и елиминација на POPs и зајакнување на националната рамка на Република Северна Македонија за соодветно управување со POPs, заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, по што во април ќе се одржи Работилница за поддршка (Endorsement Workshop) на која ќе бидете поканети.

Пред да почнете со пополнување на прашалникот, ве молиме преземете го нацрт НИП за редукција и елиминација на POPs на следниот линк: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/nacrt-nacionalen-implementacionen-plan-za-pops-azuriran-2025-file-awH3.pdf 


Ве молиме преку овој линк да пристапите до прашалникот и да го пополните дигитално: 
https://www.surveymonkey.com/r/G9YVRH2 


За какви било прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте го националното лице назначено за Стокхолмската конвенција, г-дин Александар Мицковски на е-пошта: aleksandar_mickovski@yahoo.com 


Ви благодариме за вашето време и значајниот придонес!


Забелешка за заштита на личните податоци

МЖСПП е посветено на заштита на личните податоци и почитување на приватноста на учесниците, во согласност со националното законодавство и Регулативата (ЕУ) 2018/1725 за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци. Личните податоци дадени преку овој прашалник (како име и е-пошта) ќе се користат исклучиво за потребите на оваа јавна консултација и подготовка на сумираниот извештај од консултациите. Податоците ќе се чуваат безбедно од страна на Министерството и нема да бидат откриени на трети страни. Личните податоци ќе се чуваат само додека ажурираниот НИП редукција и елиминација на POPs не биде формално одобрен.

 

Завршна работилница за прифаќање на ажурираниот Национален план за имплементација според Стокхолмската конвенција во Република Северна Македонија

 

 

Мени за пристапност