Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Нацрт – Просторен план на Република Северна Македонија 2040 – Јавна расправа во Југоисточниот плански регион

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека започнува циклусот на регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040.

Првата јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 ќе се одржи во Југоисточниот плански регион, со цел презентација на Нацрт-Планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и пошироката јавност.


📅 24 септември 2026 година
🕛 12:00 часот
📍 Сала за состаноци на Советот на Општина Струмица


Јавната расправа претставува можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.

Ги покануваме институциите, општините, стручната јавност, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество во јавната расправа и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.

 

Мени за пристапност