Сите кандидати кои се заинтересирани да го полагаат Стручниот испит за управител со отпад во октомвриската испитна сесија се должни да го пријават своето учество од 01.10.2025 година до 10.10.2025 година.
Секој кандидат кој се пријавува за полагање на Стручениот испит за управител со отпад треба да ги исполнува следните услови:
- да има живеалиште во Република Северна Македонија;
- да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);
- со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната;
- да има најмалку 3 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина и
- потврда за завршена обука за управител со отпад
Кандидатот кој се пријавува за полагање на Стручниот испит за управител со отпад е должен да ги достави следните документи:
- барање за полагање на стручен испит во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и презиме, број на телефон, е-мејл);
- лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;
- диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина;
- доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната и
- доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на стручен испит за управител со отпад – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, цел на дознака: полагање на испит за управител со отпад, сметка на буџетски корисник 1210115202 631 10, приходна шифра и програма 718112 10.
Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање (Сектор за правни и општи работи, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, кат 2).
Првиот дел од испитот се закажува за ден 28 и 29 октомври 2025 (часот дополнително ќе се утврди и ќе биде истакнат на веб страницата на МЖСПП),
Вториот дел од испитот се закажува за ден 12 и 13 Ноември 2025 година
Програмата за полагање на испитот како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството www.moepp.gov.mk.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД