Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација за одржување на јавна расправа

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање
Информација за одржување на јавна расправа по СОВЖС за проект - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци.

Студијата за оцена на влијание врз животната средина е достапна за коментари до 15.05.2025година

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци ќе се одржи на 12 Мај 2025 година (понеделник) во големата сала во општина Новаци со почеток во 11:30 часот.

 

Контакт лица:

Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk

По пошта на адреса:
плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје
АД “Електрани на Северна Македонија“ – Скопје,
седиште ул. “11 Октомври“  бр. 9, Скопје, тел: 02/3149-211
Александар Стоилков; е-маил: aleksandar.stoilkov@elem.com.mk

Мени за пристапност