Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – PM10 во Трубарево

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Просечните концентрации на PM10 честичките се во рамки на дозволените граници


Согласно редовниот мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, извршени се индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 на мерното место во Трубарево. Мерењата се реализирани од 19.09.2025 до– 20.09.2025, со автоматски систем, користејќи ја следната метода и опрема:

  • AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време мерење и евиденција на концентрации на PM10 честички, со светлосен сноп и циклон селектор со проток од 2 l/min.
  • Инструмент: ES-642, METONE, USA – сертифициран за индикативен мониторинг согласно MCERTS стандардите од Обединетото Кралство.


Резултати од мерењата:

  • Просечна концентрација: 9.7 µg/m³
  • Максимална измерена вредност: 28.2 µg/m³
  • Моментална вредност (во моментот на завршување на мерењето): 20.1 µg/m³


Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје.

Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух.

МЖСПП контуинирано го следи квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање и заштита на здравјето на населението.

Мени за пристапност