Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Со програмата LIFE стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија

Хоџа: Со програмата LIFE стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија

Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент.

Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје“ веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија.

Хоџа истакна дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.,,Имаме заедничка цел - претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија”- порача министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Настанот послужи како платформа за координација на приоритетите, со заклучок дека меѓусекторската соработка е клучна за успешно спроведување на проекти во рамките на оваа програма на Европската Унија.

Мени за пристапност