Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, посветена на унапредување на имплементацијата на ИПА проектите и реформските процеси во секторот животна средина и климатска акција.
На средбата беше потврдена заедничката посветеност за исполнување на обврските од Реформската агенда, како и за унапредување на имплементацијата на проектите од INTERREG програмата на Европската комисија, преку појасни процедури и поефикасна реализација.
На средбата беше истакнато дека овие проекти имаат значајна улога во спроведувањето на приоритетите од Реформската агенда, како и во исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување кон Европската Унија.
Оттаму, фокусот е ставен на зајакнување на административните капацитети, подобрување на управувањето со проекти, унапредување на јавните набавки и засилување на меѓуинституционалната координација.
Целта останува јасна- европските средства да се претворат во мерливи придобивки за граѓаните, преку проекти што директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животната средина и забрзување на зелената трансформација.