Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Регионалниот систем за отпад се реализира – клучна реформа за зелен пресврт

Хоџа: Регионалниот систем за отпад се реализира – клучна реформа за зелен пресврт

Скопје, 20.05.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска имаше воведно обраќање на панел-дискусијата „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“, каде истакна дека регионалното управување со отпад е една од најважните реформи во областа на животната средина и една од најголемите инвестиции во секторот.

„Предолго зборувавме за модерно управување со отпад, а премалку се реализираше. Денес веќе се случува конкретна имплементација – воспоставување на првите регионални центри за отпад, трансфер станици и испорака на современа механизација за општините“, порача Хоџа, додавајќи дека целта е воспоставување систем што конечно ќе стави крај на дивите депонии и застарениот начин на третман на отпадот.

Министерот нагласи дека државата постепено треба да премине од модел на депонирање кон циркуларна економија, каде отпадот ќе се третира како ресурс, а не како проблем. Тој посочи дека во процесот веќе се обезбедени средства и меѓународна поддршка, но дека успехот ќе зависи од функционален и одржлив систем, координација со општините и повисока јавна свест. „Ова е обврска кон идните генерации и кон природата што треба да ја зачуваме“, истакна Хоџа.

Мени за пристапност