Во рамки на втората Министерска Конференција за Зелена Агенда за Западен Балкан што се одржува во Дубровник, Хрватска, заменик министерката Лашкоска оствари билатерални средби со Заменик Генералниот Директор на Директоратот за клима на Европската Комисија, г-н Јан Дусик и со Директорот за Европа во Федералното Министерство за животна средина, климатска акција, заштита на природата и нуклеарна сигурност на Германија Д-р Стефани Фал.
На средбата со г-н Дусик, заменик министерката Лашкоска детално информираше за плановите на нашата Влада, за тоа до каде е процесот на донесување на законот за климатска акција, за усогласување со ЕУ acquis во областа клима.
Со Д-р Фал, се водеа конкретни разговори за потенцијална германска техничка помош во заштитените подрачја, прекуграничните национални паркови и во управувањето со прекуграничните водни сливови.