Свесни сме за предизвиците со кои се соочуваме – од управувањето со отпадот и загадувањето, до климатските ризици и потребата од подобра заштита на природните ресурси. Дел од овие проблеми се создавале со децении и не можат да се решат преку ноќ.
Нашата цел е да одговориме на денешните проблеми, но и да ги намалиме ризиците за идните генерации.
Затоа остануваме посветени на системски решенија, инвестиции и политики што носат трајни позитивни промени.