Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Средба Хоџа – Варанк:  Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција.

На средбата беа разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP31, која ќе се одржи во Анталија. 

Соговорниците ја истакнаа важноста на билатералната и регионалната соработка во справувањето со климатските промени, како и потребата од забрзување на имплементацијата на климатските политики преку инвестиции, размена на знаења и заеднички иницијативи.

Министерот Хоџа го поздрави ангажманот на турското претседателство со COP31 и ја нагласи подготвеноста на Северна Македонија активно да придонесува во процесите што ќе водат кон конкретни резултати за регионот.

Мени за пристапност