Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора несoстандардната депонија за отпад во Никуштак

Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора несoстандардната депонија за отпад во Никуштак

Скопје, 15.09.2025 Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.

Наредбата стапува на сила веднаш.

Мени за пристапност