Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница за развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис

Работилница за развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис

Во согласност со обврските што ги презедоа земјите од регионот по вклучувањето на балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) во Анексите I на Конвенцијата за миграторни видови (CMS), денес и утре во Скопје се одржува дводневна регионална работилница посветена на развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис.

 

Настанот е организиран во партнерство со UNEP Vienna, МЕД, EuroNatur и IUCN Cat Specialist Group, и има за цел да постави темел за регионална соработка во заштитата на балканскиот рис – симбол на природното наследство и биодиверзитетот на Западен Балкан

 

Работилницата е насочена кон разгледување на нацрт-стратегијата за заштита на балканскиот рис и усогласување на нејзините цели за поефикасна и координирана имплементација.

Мени за пристапност