Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Продолжуваат Швајцарските инвестиции за клучните прашања во животната средина

Продолжуваат Швајцарските инвестиции за клучните прашања во животната средина
Фокусот на дискусиите беше промоцијата на швајцарските инвестиции во Северна Македонија, вклучително и проширување на културните и академските размени меѓу двете земји
 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман. Средбата имаше за цел натамошно зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Швајцарија и продлабочување на соработката меѓу нашите две држави на повеќе полиња.

 

За време на средбата, Меџити и Улман разговараа за важноста од продлабочување на соработката за клучните прашања за животната средина и просторното планирање и унапредување на одржливиот развој на нашата држава во оваа насока. Покрај соработката во областа на животна средина, амбасадорката Улман ја нагласи посветеноста на Швајцарија во поддршката на економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија.

 

Фокусот на дискусиите беше промоцијата на швајцарските инвестиции во Северна Македонија, вклучително и проширување на културните и академските размени меѓу двете земји.

 

Двете страни се согласија дека треба да продолжат да работат заедно за промовирање на мирот, стабилноста и одржливиот развој во Северна Македонија и регионот!

Мени за пристапност