Министерот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Бомгартнер за помошта што Северна Македонија континуирано ја добива од Република Франција на патот кон пристапувањето во Европската Унија.
Францускиот амбасадор Бомгартнер потенцираше дека францускиот предлог ги отвора европските перспективи на Северна Македонија и воопшто не е штетен за државата.
Исто така, во разговор министерот Меџити му ги презентираше на амбасадорот Бомгартнер проектите што Министерството за животна средина и просторно планирање планира да ги реализира.
Францускиот амбасадор му честиташе на министерот Меџити за должноста во новата Влада како прв заменик претседател и министер и изрази подготвеност за соработка за доброто на државата и граѓаните.