Даблин, Ирска – септември 2026 Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“ (SMILE), од 14 до 18 септември 2026 година беше реализирана студиска посета на делегација од Министерството за животна средина и просторно планирање во Даблин, Ирска.
Посетата беше насочена кон размена на искуства и добри практики во управувањето со квалитетот на воздухот, со фокус на планирањето и спроведувањето на мерките, мониторингот, контролата на емисиите и институционалната координација на национално и локално ниво.
Делегацијата, предводена од заменик-министерката Ане Лашкоска, ја сочинуваа претставници на МЖСПП, проектниот тим и Градот Скопје. Во рамките на посетата беа остварени работни средби со Министерството за животна средина на Ирска, Ирската агенција за заштита на животната средина (EPA) и Градскиот совет на Даблин.
Посебен дел од посетата беше посветен и на ирските практики за одржливо управување со енергијата и отпадот, преку посета на значајни енергетски и инфраструктурни капацитети, меѓу кои и Dublin Waste-to-Energy.
Размената на искуства со ирските институции ќе придонесе за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот во Северна Македонија.
Со поддршка од Европската Унија и преку размена на европски искуства, МЖСПП продолжува да гради поефикасен систем за заштита на животната средина и да спроведува конкретни мерки за почист воздух и поздрава животна средина.