Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за животна средина и просторно планирање го презентира годишниот отчет

Министерството за животна средина и просторно планирање го презентира годишниот отчет

Скопје, 25.06.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање денес го презентираше годишниот извештај за својата работа, со фокус на системски реформи, мерливи резултати и европска хармонизација.

 

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, на прес-конференција по повод одбележувањето на една година од формирањето на Владата ги претстави клучните постигнувања во последните 12 месеци реализирани по сектори и тоа:

  • Инфраструктура: Започна најголемиот инфраструктурен проект за подобрување на водоснабдување и канализација во 80 општини, поддржан со 50 милиони евра од Европската инвестициска банка.
  • Отпадни води: Градење на станици за пречистување на отпадни води во Скопје и Битола, како и подготовка на нови системи во Тетово, Штип, Велес, Виница и Кочани.
  • Чист воздух: Усвоен е План за чист воздух 2024–2030 со поддршка од 10 милиони евра од ЕУ, обезбедени 6 еколошки автобуси и заменети системите за греење во четири града.
  • Мониторинг и контрола: Зајакнати системите за мониторинг на воздухот, воведени построги контроли врз индустриските капацитети, подобрен инспекцискиот надзор.
  • Отпад: Со 55 милиони евра од ЕБОР се градат регионални центри за управување со отпад, придружени со нова Национална стратегија за управување со отпад (2024–2036).
  • Биодиверзитет: Зголемена заштитената територија од 11.5% на 13.9%, прогласен Националниот парк Шар Планина, се подготвува прогласување на Јабланица и направена е нова проценка на Паркот Маврово.
  • Финансиска поддршка за сите општини: Преку транспарентни критериуми доделени се капитални дотации за еколошки проекти, без партиски влијанија.
  • Меѓународни партнерства: Вклучени проекти преку SIDA, ЕБОР, LIFE и IPA програмите на ЕУ, како и поддршка за подземни води од Швајцарија (4.6 милиони CHF).
  • Зелени површини: Засадени се над 6.000 дрва во урбани подрачја; склучени се договори со општини за проекти во вредност од 628 милиони денари.
  • Фокус на иднината: Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави Меџити, останува посветено на создавање функционален, праведен и одржлив систем за заштита на животната средина.

 

‘Оваа стратегија ќе се мери преку квалитетот на воздухот што го дишеме, водата што ја користиме, природата што ја чуваме и благосостојбата што ја обезбедуваме за идните генерации’
- рече Меџити.

Мени за пристапност