Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Хоџа во увид на инфраструктурен проект во Општина Чаир

Министерот Хоџа во увид на инфраструктурен проект во Општина Чаир

Скопје, 01.03.2026  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во целосната реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа во населбата Дижонска во Чаир.

Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој опфаќа поврзување на 16 улици и претставува значајна инфраструктурна интервенција за подобрување на условите за живот на жителите.

Министерот Хоџа истакна дека ова не е само инфраструктурен зафат финансиран 100% од Владата, туку темелна инвестиција во јавното здравје и заштитата на животната средина.

Со реализацијата на проектот се воспоставува системско решение кое трајно ги адресира проблемите, наместо само привремено да ги ублажува последиците.

Беше нагласено дека централната и локалната власт продолжуваат со координирана соработка за рамномерен развој, модерна инфраструктура и почиста животна средина за сите граѓани.

Мени за пристапност