Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Меѓународна средба за имплементација на CITES во насока на заштита на загрозени видови

Меѓународна средба за имплементација на CITES во насока на заштита на загрозени видови

Денес,во просторите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Ане Лашкоска одржа средба со Н.Е.  Кавахара Сецуко, вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија во нашата држава.

 

На средбата се разменија информации за имплементацијата на Конвенцијата за регулирање на меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (CITES), особено за заштитата и регулирање на меѓународната трговија на слатководните јагули, во кои се вклучени европската и јапонската јагула.

 

Покрај ова се разговараше за предлогот на ЕУ, за вклучување на слатководните јагули на  додаток II на CITES и зголемување на степенот на заштита на Европската јагула преку префрлување од додаток II на додаток I на CITES.

 

Активностите се поврзани со претстојната 20 Конференција на договорните страни на CITES, која ќе се одржи од 24.11 - 05.12.2025 година во Узбекистан, а на која земјите членки на CITES ќе гласаат за наведените предлози.

Мени за пристапност