Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита.
Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора да чувствуваат дека институциите работат за нив и дека промената е видлива, а иднината е вредна“
- изјави првиот заменик на Претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Со овие средства ќе се изградат или реконструираат:
- пречистителни станици,
- фекални и атмосферски канализациони мрежи,
- водоводи и резервоари,
- SCADA и ГИС системи за следење и управување,
- системи за одведување отпадни води и
- урбана опрема за управување со отпад.
Ова е досега најобемната поддршка што Министерството ја реализирало преку капитални дотации до општините, со цел да се подобрат условите за живот, да се спречат поплави, загадување и да се овозможи одржливо планирање во урбаните и руралните средини.